JEZICI/LANGUAGES

Целокупно решение
за дејност со такси услуги

4


МАКЕДОНИЈА - Работи во 4 града - Скопје (главен град), Струмица, Прилеп, Битола

30+6 = 12 000+

СВЕТОТ - На глобално ниво работиме во 6 држави - Хрватска, Катар, Србија, Македонија, Црна Гора, Косово и опслужуваме преку 12000 возила. Со тоа се прикажува можноста за прилагодливост на секој такси пазар

400+


Taxi Navigator во Македонија опслужува преку 400 возила

ВЕСТИ

  • Предвидена работа во 2016. (во различни фази на имплементација)- Катар, Словенија, Босна и Херцеговина, Австрија, Велика Британија, Франција, Бугарија, Италија
  • Пораст на продажбата на Taxi Navigator системот во 2015. – раст на бројот на возила кои го користат системот Taxi Navigator во износ од 1200% во однос на 2014. година

Одржани конференции со цел да се подобри работењето во такси дејноста:

  • 01.2015. Будва– Црна Гора – присувствувале преку 50 учесници од Црна Гора
  • 02.2015. Приштина – Косово – присувствувале преку 20 учесници од Приштина
  • 09.2015. Нови Сад – Србија – присувствувале преку 60 учесници од Војводина

Одржани конференции со цел да се подобри работењето во такси дејноста:

  • 10.2015. Ниш – Србија – присувствувале преку 50 учесници од централна Србија
  • 10.2015. Скопје – Македонија – присувствувале преку 40 учесници од Македонија
  • 12.2015. Прилеп – Македонија – присувствувале преку 50 уцесници од Македонија
  • 12.2015. Катар – катарска компанија Stimulation Trading and Transportation W.L.L, член на групацијата J.J. Business Solution и Taxi Navigator потпишаа договор за застапеност на Taxi Navigator софтверот во Катар и останатите земји од Блискиот Исток –моментално на такси пазарот во Катар има повеќе од 10 000 возила

Развиено од такси компаниите за такси компаниите.

Соработката со четири специјализирани модули
овозможува најдобра услуга за секој корисник.

Дали сте подготвени да го подигнете вашето деловно работење со такси услуги на повисоко ниво?

Побарајте детални информации за Taxi Navigator.

Сè што е потребно за водење успешна такси дејност..

Taxi Navigator е комплетно и сеопфатно деловно решение, од возачот до патникот и овозможува попрегледно и поедноставно водење на такси дејноста.

  • Поедноставете ги дневните задачи и зголемете ги приходите (profit margins)
  • Следете ги клучните показатели за ефективноста
  • Приспособете го според вашите потреби и вашиот бренд
  • Обединете ги сите начини на нарачување во еден интерфејс
  • Развиен и тестиран во реално опкружување со повеќе од 6.000.000 извршени услуги

Бидете само еден клик оддалечени од клиентот

Бесплатната апликација е подобра отколку повиците. Овозможете им на корисниците единствено искуство на нарачување со само еден потег.

Брзо и едноставно.

01 Поврзете се со клиентите преку повеќе достапни уреди

02 Вашите корисници не знаат каде се наоѓаат?

Овозможете му на секој клиент да ги користи услугите без разлика на тоа дали знае каде се наоѓа. Со нарачувањето преку апликацијата, клиентот се лоцира преку GPS уред и се одредува неговата точна локација. Заштедете им време на операторите во call-центарот.

03 Елиминирајте го стресот од чекање такси возило

Честопати примате повици од нервозни клиенти додека чекаат такси возило? Со користење на апликацијата, клиентите во реално време имаат увид во точната локација, податоците за возачот и времето на пристигнување на нарачаното возило.

04 Дозволете им на клиентите однапред да го испланираат возењето

Нема повеќе пропуштени летови и важни состаноци. Со Taxi Navigator, едноставно е да се нарача возило однапред на сакана локација и во точно определено време.

05 Предвидете ја цената на возењето

Клиентите можат да заштедат време користејќи ја апликацијата, со тоа што ќе ги спремат нивните омилени рути и дестинации. Преку овој начин на нарачување такси возило, потребни се само два клика.

06 Меморирање на честите рути

Клиентите можат да заштедат време користејќи ја апликацијата, со тоа што ќе ги спремат нивните омилени рути и дестинации. Преку овој начин на нарачување такси возило, потребни се само два клика.

Целокупен преглед на работењето

Автоматското и логично проследување на возењето ја подигнува ефикасноста на возењето на повисоко ниво. Намалувањето на бројот на празни километри и времето на чекање создава дополнителна вредност, како за компанијата, така и за клиентите..

01 Времето е пари

Со помош на Taxi Navigator едноставно е да се предвидат можните застои и да се реагира во реално време, со што се намалува можноста од човечка грешка и губењето драгоцено време. Немојте да се задоволите со добра, туку стремете се кон најдобра услуга.

02 Заштедете време преку автоматизација

Благодарение на квалитетната база на податоци и автоматизираниот процес, операторите можат да обработат повеќе повици, а со тоа го зголемуваат бројот на доделени возења на возачите.

03 Комуникацијата е клучна

Taxi Navigator ја намалува можноста за грешка со двонасочна комуникација помеѓу операторот и возачот, како и операторот и клиентот, а со тоа се зголемува задоволството на клиентот.

04 Едноставност со најдобар изглед

Со користењето единствен интерфејс се поедноставува примањето нарачки, како и контактот со клиентите и возачите. Повеќе нема губење време на менување на комуникациските уреди и алатки. Дополнително постои и можност за снимање и чување на комуникациите.

05 Унапредете ја вашата услуга

Благодарение на прегледната мапа, лесно е да се забележат деловите во градот без празни возила. Со испраќање дополнителни возила во тие подрачја, вие истовремено го скратувате времето на чекање на корисниците и го зголемувате профитабилното време на возилото.

06 Птичја перспектива

Благодарение на прегледната мапа, лесно е да се забележат деловите во градот без празни возила. Со испраќање дополнителни возила во тие подрачја, вие истовремено го скратувате времето на чекање на корисниците и го зголемувате профитабилното време на возилото.

Дали сте подготвени да го подигнете вашето деловно работење со такси услуги на повисоко ниво?

Побарајте детални информации за Taxi Navigator.

Едноставност на апликацијата за возачите

Во развојот и тестирањето на апликацијата за возачи учествуваа повеќе од 2.000 искусни возачи. Нивните идеи и предлози се користени за унапредување на апликацијата која целосно е прилагодена на нивните потреби.

01 Целосен увид во градот

Со користење на апликацијата, секој возач може да ги види деловите од градот каде што нема доволно расположливи возила, овозможувајќи прераспределба, со што се намалува непрофитабилното време и времето за чекање возила и се зголемува квалитетот на услугите.

02 Самостојна проценка за времето на пристигнување на локацијата

По прифатеното барање за возење, возачот внесува проценка за времето на пристигнување на адресата. Taxi Navigator автоматски го проследува внесеното време до клиентот, известувајќи го за времето на пристигнување на такси возилото на адресата.

03 GPS навигација

Единствената GPS навигација им овозможува на возачите да ги изберат оптималните рути за побрзо и побезбедно пристигнување на предвидената дестинација. Интегрираната GPS навигација е единствена и по тоа што после прифатеното возење го упатува возачот до патникот, што при отежнати услови на возење е одличен сојузник.

04 Оптимизација на возењето

Со внесување на дестинацијата на тековното возење, Taxi Navigator автоматски го пребарува и доделува наредното возење, намалувајќи го ненаплатеното време.

05 Начини на плаќање

Во случај на потреба или опасност, возачот може со помош на скриена опција да ги извести околните возачи или власти и да побара помош.

06 Копче за тревога

Во случај на потреба или опасност, возачот може со помош на скриена опција да ги извести околните возачи или власти и да побара помош.

Јасен преглед на сите податоци кои се суштински за успешно работење.

Taxi Navigator дава јасна слика за работењето, олеснувајќи го управувањето и оптимизирањето на ресурсите. Едноставно препознајте ги сопствените предности и слабости и идентификувајте ги областите на кои им треба подобрување. Самостојно одберете кои клучни показатели ќе ги следите и забележувајте го напредокот на дневна основа.

01 Следете сè што поминува низ вашиот call-центар

Знаете ли колку време е потребно да се прифати возењето, од моментот на нарачување до прифаќањето на возачот? Колку пропуштени повици имате дневно и колку се услужни вашите оператори? Колку вашите возачи доцнеле на адресата и лошо го процениле времето на своето доаѓање? Со системот Taxi Navigator можете да ги следите наведените и други показатели.

02 Имајте увид што се случува во вашите возила

Со системот Taxi Navigator имате детален увид во постигнувањата на возачите. Многу едноставен преглед на суштински податоци, како што се извршени и одбиени возења, однос на наплатени и ненаплатени километри, како и одложени и задоцнети возења.

03 Анализа на човечки ресурси

Сè што треба да знаете за вашите вработени присутно на едно место. Сите детали за работните постигнувања и важни лични белешки за вработените сега се достапни за пребарување преку приспособливите филтри.

04 Извештаи

Сакате да знаете што навистина се случува во вашата компанија? Taxi Navigator изработува извештаи на секоја час, секои осум часа, месечни и годишни извештаи, или за сите периоди кои можете да ги замислите, нудејќи ви потполна контрола.

05 Намалете ги трошоците на работењето

Независно од сложеноста на работењето, Taxi Navigator може да се приспособи според бараните потреби. Без разлика на бројот на возила или возачи во системот, оптимизирањето на нивната продуктивност е пресудно.

06 Приспособете го системот Taxi Navigator според вашите потреби

Независно од сложеноста на работењето, Taxi Navigator може да се приспособи според бараните потреби. Без разлика на бројот на возила или возачи во системот, оптимизирањето на нивната продуктивност е пресудно.

Дали сте подготвени да го подигнете вашето деловно работење со такси услуги на повисоко ниво?

Побарајте детални информации за Taxi Navigator.

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ | +385 99 2570 330

  • This field is for validation purposes and should be left unchanged.

X

СПОДЕЛЕТЕ

Познавате некој кој има такси компанија? Споделете го со него Такси Навигатор линкот.

  • This field is for validation purposes and should be left unchanged.

JEZICI/LANGUAGES

X VIDEO